Матичното книговодство во АПИЦЕНТАР претставува основниот столб врз што се потпира целокупната селекција на матиците. Евиденцијата се изведува со помош на компјутерски програми кои ги анализираат податоците. Постојаниот контакт со соработниците и клиентите ни овозможува повратни информации за квалитетот на продадените матици.
За првпат започнавме со селекција од 2003 година по стандарди пропишани од Катедрата за пчеларство на факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, а веќе од 2014 година целата селекциска програма се спроведува по најновите BEEBOOK европски стандардни методи.
Од 2014 година се спроведува селекција на 120 пчелни семејства, кои се распоредени на 2 локации (Пешник и Драчевица) и составени од 4 различни линии А, Б, В и Г на Apis mellifera macedonica. Три пати во текот на годината се вршат мерења во однос на четири параметри: темперамент, медопродуктивност, отпорност на болести и роев нагон. Само оние матици со најголем селекциски индекс влегуваат во понатамошната селекција. Од добиените резултати се одредуваат најдобрите 4 линии од кои се зема генетскиот материјал за производство на нашите матици А, Б, В и Г.
Целото производство на матици се одвива во строго контролирани услови при што се добиваат МСБ (матици слободни од болести), а истите ги поседуваат сите потребни здравствени сертификати од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија.
Производството на матици е со методот на еднократно и двократно пресадување на ларви, а во самиот процес се користат стартери, финишери, инкубатор, оплодници и нуклеуси.
Во зависност од потребите, матиците кои се произведуваат во нашиот репроцентар се спаруваат контролирано (70% – 95%), со селектирани трутовски семејства на 3 различни оплодни станици.
Во нашиот репроцентар се произведуваат 3 типа на матици од расата Apis mellifera macedonica:
Тип 1 Apis mellifera macedonica – Оплодена, пронесена – не тестирана.
Тип 2 Apis mellifera macedonica – Оплодена, пронесена – тестирана најмалку 1 месец.
Тип 3 Apis mellifera macedonica – Оплодена, пронесена – тестирана најмалку 1 месец.
Матиците кои се произведени во “АПИЦЕНТАР” Тренинг и репроцентар за пчеларство, се од расата APIS MELLIFERA MACEDONICA. Матиците се селектирани, тестирани, оплодени млади матици обележани со плочка (обоена спрема годината) и содветен број. Тие се спакувани во кафез за транспорт, заедно со здравствен сертификат, потврда за здравствена состојба, педигре и упатство за додавање и замена. Така спакувани матиците можат да патуваат и до 11 дена.
Обележување на матици

Нарачките започнуваат од месец ноември и се вршат на следниот линк за нарачки. Откако ќе извршите нарачка, ќе добиете повратен е-маил со сите информации за авансно плаќање. Со извршеното авансно плаќање ќе го резервирате вашиот термин за добивање на матиците. Матиците ќе ги добиете на закажаниот термин, во вашиот град или соодветно место.