ХЕРБАЛ ПРОПОЛИС
(30% екстракт на прополис во алкохол со планински билки)
Овој производ е во течна состојба, со темна црвеникава боја спакуван во темни шишенца со капкалка.
Покрај екстрахиран прополис содржи екстракт од неколку планински билки: кантарион, маточина, ајдучка трева, мајчина душица, рузмарин, горски чај, камилица, мента, коприва.
Прополисот во комбинација со планинските билки влијае позитивно на многу процеси во организмот. Помага во превенција и лечење на многу болести, антибактериско, антитуморно, анаболичко, регенеративно и анестетично дејство.
Употреба: се ставаат 10-15 капки на коцка шеќер или лажичка мед, 3 пати на ден. Исто така 3 пати на ден може да се земаат по 10-15 капки со мала количина на вода со која се исплакнува усната шуплина или се прави гаргара на грлото.