Тип 1 Матици – се матици кои се оплодуваат на оплодната станица Леговец, лоцирана во Источниот дел на Р.Македонија во близина на градот Пробиштип, на надморска висина од 490 м. Оплодната станица е направена со основањето на нашиот Тренинг и репроцентар за пчеларство – Апицентар, во 2002 година. Тип 1 Матиците – се оплодени и пронесени, но не се тестирани.
На оваа оплодна станица се распоредени 60 трутовски пчелни семејства од А,Б,В и Г линија, кои потекнуваат од прва класа матици, врз кои е вршена селекција по BEEBOOK стандардите, на следните параметри: темперамент, медопродуктивност, отпорност на болести, развој и роев нагон.
Во радиус од 3 км околу оваа оплодна станица редовно се следи присуството на пчелни смејства на други пчелари, доколку има мора да поседуваат матици од најдобро рангираните линии А, Б, В и Г оплодени во Леговец.
Пакување: во кафез за транспорт со 7-9 млади пчели, обележани со плочка (обоена според годината и соодветен број), педигре, здравствен сертификат, упатство за додавање и замена.
Транспорт: кафезите за матици се транспортираат во специјална кутија со вентилација.