Тип 3 Матици – се матици, од А и Б линии на Apis melifera macedonica, кои се оплодуваат на оплодната станица Жиганци. Лоцирана во Источниот дел на Р. Македонија.
На оваа оплодна станица се распоредени 100 трутовски пчелни семејства од Г линија, кои потекнуваат од прва класа матици, врз кои е вршена селекција по BEEBOOK стандардите, на следните параметри: темперамент, медопродуктивност, отпорност на болести, развој и роев нагон.
Овие матици се со следните исклучителни особини:
- висока медопродуктивност
- брз развој
- мирен темперамент
- ниска склоност кон роење
- добро презимување
- високо хигиенско однесување
- добра адаптација
- компатибилност
- добри анатомски карактеристики
Матиците од линија А и Б спарени со трутови од линија Г, добиваат висок квалитет, отпорност и ги поседуваат 95% погоре наведените особини.
Пред да стигнат до купувачот, поминуваат низ повеќе тестови: квалитет на легло, квалитет на спарување, анатомски карактеристики, тежина, темперамент и други параметри.
Погодни се за понатамошно размножување, производство на мед, матичен млеч и други пчелни производи.
Пакување: во кафез за транспорт со 7-9 млади пчели, обележани со плочка (обоена според годината и соодветен број), педигре, здравствен сертификат, упатство за додавање и замена.
Транспорт: кафезите за матици се транспортираат во специјална кутија со вентилација.