Матичен млеч

МАТИЧЕН МЛЕЧ

Mатичен млеч е најскапоцениот подарок од пчелната кошница. Во него се крие тајната за долговечноста, големината и неверојатната плодност на матицата. Матицата генетски е еднаква со другите пчели. Но, хранејќи ја со драгоцениот матичен млеч, таа расте три пати на големина од пчелите работнички и живее 30 пати повеќе од нив. Се верува дека матицата е најплодното суштество на планетата, несејќи и до 3000 јајца на ден и тежината на овие јајца ја надминува нејзината тежина. Затоа млечот на децата им овозможува нормален развој, а на возрасните биолошки им ја зајакнува и помладува секоја клетка и ја штити од болести. Матичниот млеч бил користен и од фараоните во стариот Египет, и е нарекувана “храна на боговите”.

Која е причината за толкавата плодност на матицата, во текот на еден ден да снесе и до три илјади јајца, неколкупати потешки од самата себе? Подоцна науката открила дека тоа е последица на матичниот млеч.

Матичниот млеч е густа пастообразна, непроѕирна материја, со кремастобела до сивкаста боја, со специфичен мирис, кисел вкус (pH 3-5) и сладок привкус, која младите пчели работнички (до 14 дена старост) ја лачат од хипофарангеалните и мандибуларните жлезди.

СОСТАВ НА МАТИЧНИОТ МЛЕЧ

Фармацевтите и хемичарите тврдат дека матичниот млеч е мултивитамински производ со многу сложен и комплициран состав. Современите анализи покажуваат дека матичниот млеч е биолошки високоактивна и многу комплексна супстанција која содржи белковини, аминокиселини, јагленохидрати, масти, минерални материи и витамини.

Витамини – Витамини (анеурин B1, рибофлавин B2, придоксин B6, цијанокобаламин B12, биотин витамин H, инозитол, фолна киселина, витамин B9, токоферол, витамин E). Научниците тврдат дека матичниот млеч содржи повеќе пантотенска киселина (витамин B5), важен за продолжување на животот, отколку било која друга супстанција од растително или животинско потекло. Во 1 грам матичен млеч најдени се 89 милиграми на витамин B5. Овој витамин (пантотенската киселина – витамин B5) го забрзува растењето и е составен дел на многу коферменти, со што влијае на функцијата на ендокриниот (хормонскиот) систем кај човекот;

Протеини – Протеините во матичниот млеч се од 24-45% и содржат 17 аминокиселини, од кои осум есецијални (неопходни за организмот): валин, леуцин, изолеуцин, треонин, метионин, фенилаланин, триптофан и лизин;

Минерали – Од минералите калциум, бакар, железо, фосфор, олово, силициум, сулфур, магнезиум, манган, никел и хром;

Киселини – Киселината која се наоѓа во најголема количина се нарекува 10-хидроксид-делта 2-деценска. Оваа киселина има антимикробни, антибиотични и антифунгални ефекти. Исто така помага да се зачува самиот матичен млеч;

Јаглехидрати – Од јаглехидрати гликоза, фруктоза, сахароза, рибоза, непознат структуриран кетонски карбохидрат, глукоронска киселина, пирувачка киселина и други;

Ензими – Од ензими инвертаза, каталаза, амилаза, протеаза, фосфатаза, салицилаза, аскорбиноксидаза и неспецифична холинестераза;

Ацетилхолин – Научниците имаат откриено дека ацетилхолинот го има 1000 пати повеќе во матичниот млеч, отколку ве медот. Ткивото на пчелниот мозок синетизира ацетилхолин 50 mg за еден час. (Colhoun и Smidth);

Биоптерин – Биоптерин е супстанција која е одговорна за долгиот живот на матицата. Суштински фактор за изградба на птерините е фолната киселина. (откриено од Bustenandt и Rembold);

Ројалактин – Ројалактин е супстанца која е одговорна за преобразување на пчелата работничка во матица и развојот на репродуктивниот систем (Јапонски научник Masaki Kamakura);

10HDA – 10HDA (10-hydroxy-2-decenoic acid): уникатна масна киселина која ја има само во матичниот млеч;

УПОТРЕБА НА МАТИЧНИОТ МЛЕЧ

  • Го јакне имунолошкиот систем кај децата и возрасните;
  • Антибиотски ефекти (има антибактериско и антивирусно дејство);
  • Помага за лекување на болести кај бубрезите, срцето, панкреасот и црниот дроб;
  • Здрава кожа;
  • Енергија и виталност;
  • Лечење на рани;
  • Во борбата против ракот (има антиоксидантно дејство);
  • Плодноста (ја зголемува потенцијата и либидото кај мажите и жените);
  • Помага во лечењето на остеопорозата;
  • Ја стимулира работата на жлездите со внатрешно лачење;
  • Го зајакнува нервниот систем;
  • Ја олеснува менопаузата и постменструалните симптоми кај жените;

ПАКУВАЊЕ

Матичниот млеч е спакуван во стаклени шишенца од 10 грама. До потрошувачите се транспортира во изолациона кутија за транспорт, за да се одржи потребната температура подолго време. Се чува во замрзнувач до целосно негово искористување.

НАЧИН НА УПОТРЕБА

Се зема на сабајле, пред јадење, на празен стомак. Се става под јазикот за побрза ресорбција, бидејќи тоа место е богато со крвни садови и оди директно во крвотокот. Препорачана дневна доза е 300мг до 1г. во зависност од потребите. Се користи 20 дена, после тоа исто толку време се прави пауза и пак може да се користи.

IMG_2576
IMG_2601
IMG_2500
maticen mlec za web
svez-maticen-mlec-za-web-copy
IMG_2167

Ценовник за Матичен млеч

Матичен млеч - 10 гр.

2000 денари/ 10 гр. пакување