Мед

ЛЕСНОВСКИ МЕД

Потекнува од чистите еколошки предели на Осоговските планини во околината на познатиот Лесновски манастир. Вклучува нектар од голем број  различни растенија, има прекрасен вкус и богат е со витамини и минерали. Нашата заложба е на потрошувачите да им обезбедиме квалитетен мед, на кој при вадењето од саќето и пакувањето во амбалажата ништо не му е одземено, ниту додадено.

Секој наш пчеларник е регистриран во Агенцијата за храна и ветеринарство на Р.Македонија и има соодветен регистарски број (РБО). При работата со пчелните семејства е воведена добра пчеларска и хигиенска пракса. За здравствената состојба на пчелните семејства се грижат ветеринарни доктори, кои се специјализирани во областа на пчеларството во еминентни институти по пчеларство во Европа. Редовно се врши клинички преглед на секое пчелно семејство, редовно секоја година се испраќаат проби до лабраторијата при Ветеринарниот институт за добивање на повратни информации за квалитетот на медот.

Природниот мед е практично производ кој НЕМА РОК НА ТРАЕЊЕ, меѓутоа под услов правилно да се чува!!! Поради неговата високо изразена хигроскопичност (привлекување на влага од воздухот), медот мора да се чува на суво и темно место, во простории кои се проветруваат и задолжително во садови кои херметички морат да бидат затворени. Идеална температура на која треба да се чува медот е 10°С.

Во студените месеци од годината медот најчесто е кристализиран, но ако го купувате во течна состојба внимавајте да имате гаранција дека медот не бил ПРЕГРЕАН!!

Ако пак сакате самите да го декристализирате, тогаш МОРА да знаете дека температурата на средината (кутија за декристализација или пак вода) не смее да надмине 40°С.

Медот нема рок на траење. Ако производителот внимава НИШТО да не му биде одземено, и НИШТО да не му биде додадено на медот, во текот на патот кој што треба да го помине од саќето до потрошувачот – тој мед ќе биде КВАЛИТЕТЕН.

–        Багрем (Robinia pseodoacacia)

–        Мајчина душица (Тhymus serpyllum)

–        Бела детелина (Trifolium repens)

–        Драка, Чајлија (Paliurus spina-christi)

–        Глуварче, Маслачак, Млечка (Taraxacum oficinali)

–        Магарешки трн (Cirsium Eriophorum)

–        Булка, Див афион (Opium Poppy, Garden Poppy)

–        Занофит, Genista tinctoria (LINN.)

–        Сусерка, Метла (Marrubium peregrinum)

–        Шипка или шип (Rosa canina)

–        Капина (Rubus sp. Diversa)

–        Црвен кантарион (Erythraea centaurium)

–        Црн слез (Malva silvestris L.)

–        Зајачки трн (Onionis spinosa L.)

–        Глуварче (Taraxacum officinale L.)

–        Трнинка (Prunus spinosa L.)

–        Чичок (Arctium lappa L.)

и многу други лековити билки кои ја даваат карактеристичната нијанса и пријатен вкус на пчелните производи.

Произведуваме два вида на квалитетен природен мед и тоа: планински ливадски и планински шумски мед.

med-1
IMG_2126
IMG_2156
med-6
IMG_3720
IMG_2208

ПЛАНИНСКИ ЛИВАДСКИ МЕД

Ливадскиот мед е полифлорен мед, пчелите го собираат од нектарот од над 50 лековити билки, па со оглед на различното потекло, видот на ливадите, може многу да варира по боја, мирис и вкус. Бојата му е од светло жолта и светло црвена, до темно жолта, црвена. Мирисот е посебно изразен, пријатен, преовладува мирис на доминантната билка. Има прекрасен вкус и богат со мнгу ензими, витамини, минерали и аминокиселини. Со редовното конзумирање на овој мед се појачува имунолошкиот систем, се зголемува физичката и менталната сила на организмот. Ливадскиот мед дава многу енергија, поради лековитоста медот треба сите да го употребуваат, но на деца и старите луѓе треба да им биде секојдневие.

ПЛАНИНСКИ ШУМСКИ МЕД

Шумскиот мед е исклучително ценет и лековит. За разлика од другите видови на мед пчелите го собираат од листовите, плодовите и гранчињата на листопадни, зимзелени и други видови дрвја. Покрај тоа во него има и нектар на голем број лековити планински билки. Во шумскиот мед се идентификувани над 300 супстанции и минерални состојќи. За разлика од ливадскиот мед има мнгу повеќе железо, калциум, калиум, магнезиум, манган, кобалт и други минерали.

Ценовник за ЛИВАДСКИ МЕД и ШУМСКИ МЕД.

ЛЕСНОВСКИ МЕД

380 денари/ 1 кг.
[/vc_row]