Неоплодените матици се произведени од најдобрите мајки матици од A,B,C,D линии на пчелните семејства кои се во селекција. Веднаш по раѓањето поминуваат низ неколку тестови за квалитет и се подготвуваат за транспорт со:
- 7-9 млади пчели во кафез
- обележани со плочка (обоена спрема годината и соодветен број)
- здравствен сертификат
- упатство за оплодување
- упатство за додавање и замена.
Транспорт: матиците се транспортираат во кафези, заедно со пчели придружнички, спакувани во специјална кутија со вентилација. Транспортот е од 1 до 2 дена до вашиот град наведен во нарачката.
Додавање: Периодот од испраќање – примање – додавање во нуклеусот или оплодњакот е ограничен, поради спазување на времето за оплодување на матиците. Ризикот за прифаќање и оплодување на неоплодените матици (во оплодњаците или нуклеусите) е поголем, затоа е задолжително да се придражувате до упаството, кое ќе го добиете заедно со матиците.
Ценовник за неоплодени матици од A,B,C,D линии
Неоплодени матици од A,B,C,D линии
Количина: <50
400
денари / матица
Неоплодени матици од A,B,C,D линии
Количина: 51-100
350
денари / матица
Неоплодени матици од A,B,C,D линии
Количина: >101
300
денари / матица