Идеален начин да започнете со пчеларење е да купите нуклеус, со нашите, мирни, здрави и високопродуктивни пчели. Нуклеусот ќе го добиете со легло во сите фази (затворено легло, јајца, ларви). Сите наши нулеуси се третирани против вароа и испитани за степенот на заразеност со Nosema apis, Nosema cerana и е извршен клинички преглед за Американска чума на пчелното легло. Рамките во самиот нуклеус се од типот Лангструт. Самата кутија во која се траспортира нуклеусот е со два отвори за вентилација. Најдобро е нуклеусите да ги подигнете рано наутро кога температурите се ниски.
Нуклеусот е составен од 5 рамки (3 рамки легло, 2 рамки мед и полен), 1 кг пчела и селектирана, оплодена, тестирана млада матица, од расата APIS MELLIFERA MACEDONICA, обележани со плочка (обоена спрема годината) и содветен број, со педигре, здравствено уверение, потврда за здравствена состојба, упаство за ослободување, спакуван во кутија со соодветна вентилација за транспорт.
Секој наш клиент кој ќе добие нуклеус, добива и упатство како нуклеусот да стане силно семејство подготвено за следната година, за производство на мед и други пчелни производи.
Обележување на матици во нуклеуси

Нарачките започнуваат од месец ноември и се вршат на следниот линк. Откако ќе извршите нарачка на линкот, ќе добиете повратен е-маил со сите информации за авансно плаќање. Со извршеното авансно плаќање ќе го резервирате вашиот термин за добивање на нуклеусите.
Нуклеусите се подигаат од нашиот Тренинг и репроцентар за пчеларство, лоциран во градот Пробиштип!