Тип 2 Матица – се матици од В и Г линии на Apis melifera macedonica, кои се оплодуваат на оплодната станица Глобица. Лоцирана е во Источниот дел на Р. Македонија близу градот Пробиштип.
Оплодната станица е многу погодна за спарување на матиците, личи на птичјо гнездо и е изолирана од ветрови. За време на спарувањето матиците летаат за многу краток временски интервал и спарувањето е брзо. Локацијата е богата со полен и нектар, а периодот на паша е продолжен поради висинската разлика, бујната вегетација и разновидната природа. Тоа придонесува трутовските пчелни семејства да произведат висококвалитетни трутови, не само генотипски туку и фенотипски.
На оваа оплодна станица се распоредени 100 трутовски фамилии од А линија, кои потекнуваат од прва класа матици, врз кои е вршена селекција по BEEBOOK стандардите на следните параметри: темперамент, медопродуктивност, отпорност на болести, развој и роев нагон.
Овие матици се со следните исклучителни особини:
- висока медопродуктивност
- брз развој
- мирен темперамент
- ниска склоност кон роење
- добро презимување
- високо хигиенско однесување
- добра адаптација
- компатибилност
- добри анатомски карактеристики
Матиците од линија В и Г, спарени со трутови од линија А, добиваат висок квалитет и поседуваат 85% од погоре наведените особини.
Пред да стигнат до купувачот поминуваат низ повеќе тестови за одреден временски период: квалитет на легло, анатомски карактеристики, тежина, темперамент и други параметри.
Погодни се за понатамошно размножување, производство на мед и други пчелни производи.
Пакување: во кафез за транспорт со 7-9 млади пчели, обележани со плочка (обоена според годината и соодветен број), педигре, здравствен сертификат, упатство за додавање и замена.
Транспорт: кафезите за матици се транспортираат во специјална кутија со вентилација.