Прополис капки

30% раствор

“ЛЕК НА ИДНИНАТА И ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК”

Човекот оддамна покажал интерес  за употреба на прополисот посебно за лековити цели во стариот Вавилон, Египет, арапскиот свет, Франција, Рим  и други земји. Свештениците, треварите и исцелителите го употребувале прополисот и другите пчелни производи за подготвување на лекови, масти,  мелеми против кожни болести и рани, за мумифицирање  на мртвите и т.н. Прополисот го употребувал и основачот на медицинските науки Хипокрит и филозофот Аристотел. Според старите извори прополисот го употребувала плејада научници и на лекари. Меѓу нив најпознат е Авицена (ИБН синот) персиски филозоф и лекар. Со научни испитувања е утврдено дека прополисот по своите својства е чист антибиотик на кој за разлика од хемиските препарати никој не е резистентен, ниту предизвикува штетни реакции во организмот.

Прополисот е лек на иднината. Претставува природна смолеста супстанција што пчелите ја собираат заедно со нектар и полен, а потоа ја преработуваат користејќи го секретот од своите жлезди. По својот хемиски состав прополисот е комплексна смеса на биофлавоноиди, полен, растителни смоли, етерични масла, (со нутритивен и физиолошки ефект), минерали. Главни активни компоненти на прополисот се биофлавоноидите (галангин, пиноцембрин, хризин, кверцетин, нарингенин и апигенин), кои имаат заштитна улога од надворешни инфекциски влијанија.

Прополисот има антибактериско, антивирусно, антитуморно, анаболичко, регенеративно и анестетичко дејство.

Употреба на прополисот

– опоравување после болест;

– недостаток на апетит;

– зголемени физички и интелектуални активности;

– настинка и грип;

– лекува воспалителни процеси во органите за варење, респираторните и гинеколошките органи: афти, гастритис, чир, ринитис, асматичен бронхитис, ерозии во грлото на матката и др.;

– позитивно делува на дијабетесот со намалување на шеќерот во крвта;

– се употребува во дерматологијата: лекување на рани, изгореници, екземи, габични заболувања;

– делува на многу видови патогени бактерии, како: Streptococcus pneumoniae, Haemophilus influenzae, Moraxella catarrhalis, Staphylococcus aureus, Klebsiella pneumoniae, Escherichia coli, Proteus mirabilis, Pseudomonas aeruginosa, Streptococcus faecalis;

– делува против различни габи кои предизвикуваат болести на кожата и косата;

– делува против едноклеточните паразити – протозои, како Trichomonas Vaginalis, предизвикувачот на воспаление на половите органи кај мажите и жените;

– има антивирусно дејство, се употребува во борбата со вирусот Herpes Simplex  и вирусот на грипот;

Дозирање

Се пијат/прскаат дирекно во уста или накапуваат во пола супена лажичка со мед, шеќер, од 5 до 10 капки 3 пати на ден пред јадење.

За инхалации се користи на следниов начин: 15-20 капки на 200 мл. врел чај, покривајќи ја главата со крпа и силно вдишување. Инхалациите се препорачуваат 2 пати на ден, особено пред спиење.

IMG_1675
propolis
IMG_4557

Ценовник за Прополис капки

Прополис со капкалка - 20 мл

230 денари/ 20 мл.