ROYAL JELLY - мешавина
ROYAL JELLY ги комбинира четирите најздрави производи од пчелната кошница: матичен млеч, полен, прополис и мед.
МАТИЧЕН МЛЕЧ – Претставува најскапоцениот подарок од пчелната кошница и во него се крие тајната за долговечноста. Додаден во мешавината Royal jelly го зголемува имунитетот, дејствува како антиоксидант, ги уништува слободните радикали, ја зголемува енергијата на организмот, го зголемува репродуктивното здравје кај мажите и жените, вклучувајќи го женското и машкото либидо. Матичниот млеч бил користен и од фараоните во стариот Египет, нарекуван “храна на боговите”. Помага за лекување на болести кај бубрезите, срцето, панкреасот и црниот дроб, во борбата против ракот (има антиоксидантно дејство), помага во лечењето на остеопорозата, ја стимулира работата на жлездите со внатрешно лачење, го зајакнува нервниот систем. повеќе
ПРОПОЛИС – Свежиот прополис е земен од кошницата и поминува низ комплексен процес на екстракција, за да може да се користи како суплемент во ROYAL JELLY мешавината. Прополисот се додава поради антивирусните својства и исто така за зголемување на имунитетот на организмот. Со научни испитувања е утврдено дека прополисот според своите својства е чист антибиотик кој за разлика од хемиските препарати не е резистентен, ниту предизвикува штетни реакции во организмот. повеќе
ПОЛЕН – Пчелниот полен е потенцијален извор на хранливи материи, протеини, јаглехидрати, минерали, витамини и аминокиселини. 100% природен биоенергетик за регенерација и ревитализација на организмот, има идеална комбинација на витамини (А, Б, Ц, Е, Д), 27 минерали (калиум, калциум, манган, железо…), протеини со сите аминокиселини и ензими- кои се потврда за лековитоста на овој дар од природата. Го отстранува заморот, стресот, депресијата. Ја подобрува циркулацијата и го освежува организмот по прележани инфекции. Благодарение на присутниот рутен (антиоксиданс) ги штити крвните садови, позитивно влијае на цревната флора и е природен лек против артериосклероза. Ја подобрува крвната слика, ја зголемува мозочната активност и го подобрува квалитетот на кожата којашто ја освежува и регенерира.
МЕД – Потекнува од чистите еколошки предели на Осоговските планини во околината на познатиот Лесновски манастир. Вклучува нектар од голем број на различни лековити билки, има прекрасен вкус и широк спектар на витамини и минерали. Лесновскиот мед така додаден е четвртиот елемент на мешавината ROYAL JELLY. Тука постои специјална синергија помеѓу овие четири компоненти од пчелната кошница. повеќе
СЕ УПОТРЕБУВА ЗА:
- Ја зголемува плодноста (потенцијата и либидото кај мажите и жените);
- Ја олеснува менопаузата и постменструалните симптоми кај жените;
- Го зајакнува имунолошкиот систем кај децата и возрасните;
- Во борбата против ракот (има антиоксидантно дејство);
- Антибиотски ефекти (има антибактериско, антивирусно и антигабично дејство);
- Помага за лекување на болести кај бубрезите, срцето, панкреасот и црниот дроб;
- Здрава кожа;
- Енергија и виталност;
- Лечење на рани;
- Помага во лечењето на остеопорозата;
- Ја стимулира работата на жлездите со внатрешно лачење;
- Го зајакнува нервниот систем;
ПАКУВАЊЕ
ROYAL JELLY мешавината е спакувана во стаклена тегла од 360 гр. Се чува во ладилник до целосно искористување.
НАЧИН НА УПОТРЕБА
1. Се зема на сабајле, пред јадење, на празен стомак.
2. Се задржува во устата неколку минути и потоа се голта.
3. Препорачана дневна доза е по 1 мала лажичка на сабајле и навечер.