ТИП 2 МАТИЦА – ПЛАВИЦА

900 ден

Тип 2 Матица – се матици од В и Г линии на Apis melifera macedonica, кои се оплодуваат на оплодната станица бр. 2 (изолирана 80% од други трутови и се спаруваат 80 % контролирано).

Категорија:

Description

Матичното книговодство во АПИЦЕНТАР претставува основниот столб врз што се потпира целокупната селекција на матиците. Евиденцијата се изведува со помош на компјутерски програми кои ги анализираат податоците. Постојаниот контакт со соработниците и клиентите ни овозможува повратни информации за квалитетот на продадените матици.

За првпат започнавме со селекција од 2003 година по стандарди пропишани од Катедрата за пчеларство на факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, а веќе од 2014 година целата селекциска програма се спроведува по најновите BEEBOOK европски стандардни методи.

Од 2014 година се спроведува селекција на 120 пчелни семејства, кои се распоредени на 2 локации (Пешник и Драчевица) и составени од 4 различни линии А, Б, В и Г на Apis mellifera macedonica. Три пати во текот на годината се вршат мерења во однос на четири параметри: темперамент, медопродуктивност, отпорност на болести и роев нагон. Само оние матици со најголем селекциски индекс влегуваат во понатамошната селекција. Од добиените резултати се одредуваат најдобрите 4 линии од кои се зема генетскиот материјал за производство на нашите матици А, Б, В и Г.

Целото производство на матици се одвива во строго контролирани услови при што се добиваат МСБ (матици слободни од болести), а истите ги поседуваат сите потребни здравствени сертификати од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија.

Производството на матици е со методот на еднократно пресадување на ларви, а во самиот процес се користат стартери, финишери, инкубатор, оплодници и нуклеуси.

Тип 2 Матица – се матици од В и Г линии на Apis melifera macedonica, кои се оплодуваат на оплодната станица бр. 2 (изолирана 80% од други трутови и се спаруваат 80 % контролирано). ПЛАВИЦА матиците за време на периодот од раѓање, оплодување и тестирање се сместени во нуклеуси на 3 и 5 рамки.

Оплодната станица е многу погодна за спарување на матиците, личи на птичјо гнездо и е изолирана од ветрови. За време на спарувањето матиците летаат за многу краток временски интервал и спарувањето е брзо. Локацијата е богата со полен и нектар, а периодот на паша е продолжен поради висинската разлика, бујната вегетација и разновидната природа. Тоа придонесува трутовските пчелни семејства да произведат висококвалитетни трутови, не само генотипски туку и фенотипски.

На оваа оплодна станица се распоредени 100 трутовски фамилии од А линија, кои потекнуваат од прва класа матици, врз кои е вршена селекција по BEEBOOK стандардите на следните параметри: темперамент, медопродуктивност, отпорност на болести, развој и роев нагон.

Овие матици се со следните исклучителни особини:

  • висока медопродуктивност
  • брз развој
  • мирен темперамент
  • ниска склоност кон роење
  • добро презимување
  • високо хигиенско однесување
  • добра адаптација
  • компатибилност
  • добри анатомски карактеристики

Матиците од линија В и Г, спарени со трутови од линија А, добиваат висок квалитет и поседуваат 80% од погоре наведените особини.

Пред  да стигнат до купувачот  поминуваат низ повеќе тестови за период од 14 – 30 дена: квалитет на легло, анатомски карактеристики, тежина, темперамент и други параметри.

Погодни се за понатамошно размножување, производство на мед и други пчелни производи.

Пакување: во кафез за транспорт со 7-9 млади пчели, обележани со плочка (обоена според годината и соодветен број),  педигре, здравствен сертификат, упатство за додавање и замена.

Транспорт: кафезите за матици се транспортираат во специјална кутија со вентилација.