НУКЛЕУС ТИП 2 – ПЛАВИЦА

4.100 ден

ПЛАВИЦА Нуклеусите се составени од Тип 2 Матици – кои се оплодуваат на оплодната станица бр. 2 (изолирана 80% од други трутови и се спаруваат 80% контролирано).

Категорија:

Description

Идеален начин да започнете со пчеларење е да купите нуклеус, со нашите, мирни, здрави и високопродуктивни пчели. Нуклеусот ќе го добиете со легло во сите фази (затворено легло, јајца, ларви). Сите наши нулеуси се третирани против вароа и испитани за степенот на заразеност со Nosema apis, Nosema cerana и е извршен клинички преглед за Американска чума на пчелното легло. Рамките во самиот нуклеус се од типот Лангструт.

Нуклеусот е составен од 5 рамки (3 рамки легло, 2 рамки мед и полен), 1 кг пчела и селектирана, оплодена, тестирана млада матица, од расата APIS MELLIFERA MACEDONICA, обележани со плочка (обоена спрема годината) и содветен број, со педигре, здравствено уверение, потврда за здравствена состојба, упаство за ослободување, спакуван во кутија со соодветна вентилација за транспорт.

ПЛАВИЦА Нуклеусите се составени од Тип 2 Матици – кои се оплодуваат на оплодната станица бр. 2 (изолирана 80% од други трутови и се спаруваат 80% контролирано).

Оплодната станица е многу погодна за спарување на матиците, личи на птичјо гнездо и е изолирана од ветрови. За време на спарувањето матиците летаат за многу краток временски интервал и спарувањето е брзо. Локацијата е богата со полен и нектар, а периодот на паша е продолжен поради висинската разлика, бујната вегетација и разновидната природа. Тоа придонесува трутовските пчелни семејства да произведат висококвалитетни трутови, не само генотипски туку и фенотипски.

На оваа оплодна станица се распоредени 100 трутовски фамилии од А линија, кои потекнуваат од прва класа матици, врз кои е вршена селекција по BEEBOOK стандардите на следните параметри: темперамент, медопродуктивност, отпорност на болести, развој и роев нагон.

Овие матици се со следните исклучителни особини:

  • висока медопродуктивност
  • брз развој
  • мирен темперамент
  • ниска склоност кон роење
  • добро презимување
  • високо хигиенско однесување
  • добра адаптација
  • компатибилност
  • добри анатомски карактеристики

Матиците од линија В и Г, спарени со трутови од линија А, добиваат висок квалитет и поседуваат 80% од погоре наведените особини.

Погодни се за понатамошно размножување, производство на мед и други пчелни производи.

Самата кутија во која се траспортира нуклеусот е со два отвори за вентилација. Најдобро е нуклеусите да ги подигнете после 17 часот, за транспортот да биде кога температурите се пониски, а инсталацијата/префрлувањето во ваши сандаци се извршува во раните утрински часови (следниот ден).

Секој наш клиент кој ќе добие нуклеус, добива и упатство како нуклеусот да стане силно семејство подготвено за следната година, за производство на мед и други пчелни производи.