Рефундирање на средства

Услови под кои вршиме рефундирање на средства

АПИЦЕНТАР Тренинг и репро центар за пчеларство овозможува рефундирање на средства за производите кои се купени и платени од е-продавницата www.apicentar.com.mk, под долунаведените услови:

  • •Откако курирот ќе ви ја достави пратката, во негово присуство веднаш проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, побарајте не на телефонските броеви 078 442 035 / 078 431 472 или испратете ни e-mail со своите податоци (име, презиме и телефон) на адресата kontakt@apicentar.com.mk со наслов „Рефундурање на средства“, и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Контактирајте не најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Во најкраток можен рок, нашиот оператор ќе Ве извести за понатамошната постапка.
  • Производот може да го вратите или замените во рок од 7 дена од денот на направената нарачка. Производот мора да бидe неоштетен и неупотребуван, запакуван во неговата оригинална амбалажа, придружен со сите оригинални документи кои сте ги добиле заедно со производот. Така подготвен и запакуван, на сопствен трошок, можете да го вратите производот во АПИЦЕНТАР Тренинг и репро центар за пчеларство на адреса: ул. 8-ми Септември бр: 15-2/11, 2210 Пробиштип.
  • Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена испратница во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истиот начин што сте го користеле при плаќање на производот или на банкарска сметка, со задршка на трошоците за банкарски провизии, пакување и дистрибуција.
  • По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен или користен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.
  • Враќање на средства на купувачот, без оглед на причината за враќање, online продавницата АПИЦЕНТАР има обврска да го изврши исклучиво на сметка која гласи на име на нарачателот, односно на лицето на чие име била изготвена нарачката.