Description
Опис: Пчелите не го собираат матичниот млеч, туку тој се секретира од хипофарангиалните и мандибуларните жлезди на младите пчели (од 5-12 ден старост), кои сеуште не излетуваат од кошницата. Целиот нивен живот тие ја хранат матицата со матичен млеч, а таа е одговорна за опстанокот на видот. Тоа е матичниот млеч, со кој е хранета матицата, и тој го одржува животот на пчелите повеќе од 40 милиони години. Вредноста на матичниот млеч е препознаена од луѓето, кои имаат заклучено дека ова богатство од пчелната кошница претставува една од најважните додатоци на исхраната.
Свежиот матичен млеч е густа пастообразна супстанција со кремастобела боја, специфичен мирис, кисел вкус и сладок привкус.
Состав: матичниот млеч е највредниот производ од кошницата. Матицата генетски е еднаква со другите пчели. Но, хранејќи ја со драгоцениот матичен млеч, таа расте два пати на големина повеќе од пчелите работнички и живее 30 пати повеќе од нив. И таа е единствената женска пчела во кошницата. Се верува дека матицата е најплодното суштество на планетата, несејќи и до 3000 јајца на ден и тежината на овие јајца ја надминува нејзината тежина. Матичниот млеч бил користен и од фараоните во стариот Египет, и е нарекувана “храна на боговите”. Денеска знаеме дека уникатноста на матичниот млеч се должи на незаситена масна киселина 10 HAD (10-hydroxy-2-decenoic acid), пронајдена само во него. Од количината на 10 HAD (10-hydroxy-2-decenoic acid) зависи квалитетот на самиот матичен млеч. Содржи многу витамини од кои би ја спомнале пантотенската киселина (вит Б5), која ја има најмногу во матичниот млеч за разлика од било која друга супстација од растително и животинско потекло, која е многу важна за продолжување на животот. Содржи биоптерин – супстанција која е одговорна за долгиот живот на матицата. Ацетилхолин – научниците имаат откриено дека ацитилхолинот го има 1000 пати повеќе во матичниот млеч, отколку во медот. Ројалактин – супстација одговорна за преобразување на пчелата работничка во матица.
Употреба: го јакне имунолошкиот систем кај децата и возрасните, антибиотски ефект (има антибактериско и антивирусно дејство), помага за лекување на болести на бубрезите, срцето, панкреасот и црниот дроб, се користи за здрава кожа, дава енергија и виталност, за лечење на рани, во борбата против ракот (има антиоксидативно дејство), ја зголемува плодноста (потенцијата и либидото кај мажите и жените), помага во лечење на остеопорозата, го зајакнува нервниот систем, ја олеснува монопаузата и постменструалните симптоми кај жените.
Како се користи: препорачана дневна доза за превенција е 0,5гр. матичен млеч (или како големина на зрно леќа), додека болни луѓе може да земаат и до 1гр.дневно (или со големина на зрно грашок). Се зема на сабајле пред јадење и се држи неколку секунди под јазикот и потоа се голта. Крвните садови под јазикот го ресорбираат матичниот млеч директно во крвта.
Пакување: матичениот млеч е спакуван во темни стаклени шишенца, кои се транспортираат во изолациона кутија за транспорт, за да се одржи потребната температура подолго време
Начин на чување: се чува замрзнат како сладолед, пред да се користи се вади неколку минути и повторно се замрзнува.
Предупредување: луѓето кои се алергични на матичниот млеч, не треба да го употребуваат.