Креирање на нарачка
На веб страната apicentar.com.mk одберете ги и додадете ги во кошничката посакуваните производи.
Во горниот десен агол со клик на кошничката добивате две опции.
Со клик на опцијата „Кошница„ ве пренасочува кон страната за преглед на додадените производи. Тука можете да видите кои производи сте ги одбрале, колку ќе Ве чинат и да извршите промена. Кога ќе ги прегледате додадените производи во кошничката следен е делот за наплата. Внесете ги сите потребни информации за достава и потврдете ја нарачката.
Регистрација
Не е задолжително да се регистрирате за да направите нарачка. Може да направите нарачка без регистрација со тоа што ќе ги внесете сите информации за достава.
Потврда за успешно направена и процесирана нарачка
По креирање на нарачката ќе добиете е-меил за потврда на успешноста на нарачката.
Откако нарачката ќе биде обработена се предaва на курирска служба за достава и добивате потврден е-меил од направената нарачката.
Доколку немате примено е-маил проверете го SPAM или JUNK фолдерот на вашиот e-mail.
Нарачките направени за викенд и државни празници се процесираат наредниот работен ден.
Достапност на производите
Наш оператор ќе ве исконтактира САМО доколку има проблем со достапноста на производите.
Доколку нарачката е направена во петок после 16 часот или во текот на викендот, операторот ќе Ве исконтактира наредниот работен ден.
Зашто не ми стигнаа сите производи од нарачката?
Доколку во една нарачка имате повеќе од еден производ, можно е производите да бидат од различни магацини и да ви пристигнат како посебни пратки во различен временски период.
Доколку поминат 5 работни денови и производите сеуште не се пристигнати, контактирајте ги нашите оператори на: 078 442 035 / 078 431 472.
Во период на распродажба, ќе бидат испорачани само производите кои се достапни на залиха.
Откажување на нарачка
Откажување на нарачка е возможно во рок од еден час откако ќе ја направите нарачката и тоа може да се направи исклучиво на тел: 078 442 035 / 078 431 472.
Промена на потврдена нарачка
Нарачката не може да се промени доколку сте добиле потврден мејл за успешно направена нарачка.
Доколку верувате дека настанала некоја грешка со нарачката, сакате да замените, отстраните или додадете нов производ во нарачката, контактирајте не на kontakt@apicentar.com.mk или на 078 442 035 / 078 431 472 и нашите оператори ќе пробаат да го реализираат вашето барање.
Промена на адресата за достава на потврдена нарачка
Доколку веќе сте добиле потврден е-мејл за успешна нарачка, адресата за достава не може да се промени. Оваа промена може да ја направиме ние за вас, САМО доколку навремено не известите во истиот ден кога сте ја креирале нарачката.
Ознака НЕМА НА ЗАЛИХА
Оваа ознака значи дека бараниот производ е распродаден и не може да се порача онлајн.