НАШАТА ПРИКАЗНА
ЗА НАС
Медена приказна која спојува четири генерации. Љубовта која се наследува во гените и искуството кое мудро се пренесува низ времето. Така е со луѓето исто како и со пчелите. Во далечната 1968 година, започнува медената приказна во нашата фамилија, од нашиот прадедо Костадин, кој во тоа време ја прехранувал фамилијата вадејќи воденички камења во карпите под Лесновскиот манастир во с.Лесново. Случајно ги има пронајдено првите роеви диви пчели од македонската раса на пчели Apis Mellifera Macedonica и почнал да ги одгледува во традиционална македонска кошница – трмка.
Подоцна нашите дедо Ѓорѓи и баба Велика продолжуваат да одгледуваат пчели во трмки, а медот грижливо го собирале и чувале во традиционални земјени садови грниња, Грнињата од Лесновскиот крај се познати, таму живееле многу мајстори – грнчари.
Потоа нашиот татко Тодор ги наследува пчелните семејства, до тогаш одгледувани во традиционални македонски кошници – трмки. Тој започнува да ги одгледува во сандаци кои сам ги изработува, тип Лангструт. Полека започнува неговата посветеност и љубов кон пчеларството, го формира првиот пчеларник во околината на Лесновскиот манастир, под пештерите на местото на стариот римски град Пешник. Во чест на старата пчеларска традиција која ја има Лесновскиот крај, ја изработува најголемата трмка во светот, уникатен споменик за едно поминато време.
Од 2003 година па до денес, пчеларството станува фамилијарен бизнис во семејството Петровски. Пчеларската фарма DR.PETROVSKY е препознаен бренд и ја водат браќата ветеринарни доктори Ангел Петровски (Тракијски универзитет–Стара Загора, Бугарија) и Илија Петровски (Факултет за ветеринарна медицина УКИМ, Скопје) заедно со нивниот татко Тодор Петровски (Факултет за геолошки науки УГД, Штип).
Од 2012 година го преземаат репроцентарот за селекција на пчелен генетски материјал матици и нуклеуси – АПИЦЕНТАР од проф.др. Александар Узунов и започнуваат да вршат селекција по најновите BEEBOOK европски страндарди. Три пати во текот на годината се вршат мерења во однос на 4 парметри: одбранбено однесување, медопродуктивност, телерантност на болести и роидбено однесување. Само оние матици со најголем селекциски индекс влегуваат во понатамошната селекција. Целото производство на матици се одвива во строго контролирани услови при што се добиваат МСБ (матици слободни од болести).
Денес DR.PETROVSKY е најголема пчеларска фарма во Македонија и пошироко, поседува 1200 пчелни семејства, кои се распоредени на 20 пчеларници во недопрената природа на најубавите диви предели во регионот на с.Лесново и Берово.
Политика за квалитет
При примарното производство се користи добрата пчеларска пракса, а во секундарните процеси се применува HACCP систем за безбедност. Потрошувачите умеат да ја препознаат нашата подготвеност како компанија да одговориме на нивните потреби, да понудиме квалитетни производи и да обезбедиме навремена испорака.
Благодарение на врвниот кадар од ветеринарни доктори–специјалисти по пчеларство, го контролираме процесот од пчеларниците па се до пакувањето на нашите производи.
Мисија
Нашата мисија е длабока и чиста конекција со природата, да произведуваме висококвалитетни пчелни производи, да ги промовираме здравствените и еколошките предности на пчеларството. Преку иновативни практики и одговорност кон заштита на пчелите и околината, се посветуваме на претставување на нашата заедница со најдобрите пчелни производи и значењето на опрашувањето од пчелите за опстанокот на светот.
,,Јазикот и пораките на пчелата, достојно да го пренесеме низ изворедните вкусовите на медот од дивите предели“.
Визија
Најдобра пчеларска фарма што го претставува стандардот за квалитет и одржливост. Постојан стремеж кон континуиран раст и развој, врвни иновации и партнерства, национално и меѓународно признавање за нашата ангажираност кон здравјето на пчелите, екосистемите и нашите купувачи.
НАШИОТ ЕКСПЕРТСКИ ТИМ
Запознајте го нашиот тим од професионалци за производство на мед
Пчелар