ЛЕСНОВСКИ ЛИВАДСКИ МЕД

590 ден

Потекнува од чистите еколошки предели на Осоговските планини во околината на с.Лесново и Лесновскиот манастир. Вклучува нектар од над 500 лековити билки, има прекрасен вкус, жолто-златна боја и богат е со ензими, витамини, минерали и аминокиселини.

Категорија:

Опис

Со редовното конзумирање на мед се зајакнува имунолошкиот систем, дава енергија, се зголемува физичката и менталната сила на организмот, се зголемува плодноста, ги стимулира жлездите, природен антиоксиданс, го намалува заморот, стресот, депресијата, го зголемува апетитот, го освежува организмот по прележани инфекции, ја подобрува крвната слика и ја зголемува мозочната активност.

Нашата заложба е на потрошувачите да им обезбедиме квалитетен мед, на кој при вадењето од саќето и пакувањето во амбалажата ништо не му е одземено, ниту додадено.
Секој наш пчеларник е регистриран во Агенцијата за храна и ветеринарство на Р.Македонија и има соодветен регистарски број (РБО). При работата со пчелните семејства е воведена добра пчеларска и хигиенска пракса. За здравствената состојба на пчелните семејства се грижат ветеринарни доктори, кои се специјализирани во областа на пчеларството во еминентни институти по пчеларство во Европа. Редовно се врши клинички преглед на секое пчелно семејство, редовно секоја година се испраќаат проби до лабраторијата при Ветеринарниот институт за добивање на повратни информации за квалитетот на медот.

Природниот мед е практично производ кој НЕМА РОК НА ТРАЕЊЕ, меѓутоа под услов правилно да се чува!!! Поради неговата високо изразена хигроскопичност (привлекување на влага од воздухот), медот мора да се чува на суво и темно место, во простории кои се проветруваат и задолжително во садови кои херметички морат да бидат затворени. Идеална температура на која треба да се чува медот е 10°С.

Во студените месеци од годината медот најчесто е кристализиран, но ако го купувате во течна состојба внимавајте да имате гаранција дека медот не бил ПРЕГРЕАН!!
Ако пак сакате самите да го декристализирате, тогаш МОРА да знаете дека температурата на средината (кутија за декристализација или пак вода) не смее да надмине 40°С.
Медот нема рок на траење. Ако производителот внимава НИШТО да не му биде одземено, и НИШТО да не му биде додадено на медот, во текот на патот кој што треба да го помине од саќето до потрошувачот – тој мед ќе биде КВАЛИТЕТЕН.

Дополнителни информации

Тежина 900 g