Description
30% суров прополис
Состав: 30% суров прополис растворен во етилов алкохол.
Дејство: Прополисот е пчелин производ, познат и употребуван во народната медицина повеќе од 5000 години. Претставува смолеста материја со жолто-зелена до темна или темно-црвена боја, пчелите ја собираат заедно со нектар и полен, а потоа ја преработуваат користејќи го секретот од своите жлезди. По својот хемиски состав прополисот е комплексна смеса на биофлавоноиди, полен, растителни смоли, етерични масла и минерали. Главни активни компоненти на прополисот се биофлавоноидите (галангин, пиноцембрин, хризин, кверцетин, нарингенин и апигенин), кои имаат заштитна улога од надворешни инфекциски влијанија. Многубројните клинички испитувања укажуваат дека прополисот има антибактериско, антивирусно, антигабично, антитуморно, анаболичко, регенеративно и анестетичко дејство.
Прополисот може да се користи за опоравување после болест, недостаток на апетит, зголемени физички и интелектуални активности, настинка и грип, за зголемување на имунитетот, при воспалителни процеси во органите за варење, респираторните и репродуктивните органи. Исто така се употребува во борбата против херпес вирусот и вирусот на грипот.
Дозирање: се пијат или се накапуваат на лажичка мед, шеќер, врел чај или млеко до 30 капки на ден, распределени на 3 дози пред јадење. Инхалации се прават на следниот начин: 15-20 капки на 200мл врел чај, силно вдишување, главата покриена со крпа. Истите се пропорачуваат два пати на ден, особено пред спиење.
Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза.
НАПОМЕНА: Не се препорачува на лица осетливи на пчелни производи. Препаратот е додаток на храна и не се користи како замена за разновидна исхрана. На ткаенини остава траги кои тешко се отстрануваат.
Начин на чување: на температура до 25°С, заштитено од светлина, најдобро да се чува во оригиналното пакување. Да се чува надвор од дофат на деца.
Пакување: во стаклено темно шишенце од 20мл со капалка, спакувано во картонска кутија.
Рок на траење: 5 години, обележан на амбалажата.