ROYAL JELLY PREMIUM

650 ден

ROYAL JELLY PREMIUM мешавината ги комбинира четирите најздрави производи од пчелната кошница, полен 10%, матичен млеч 1,2% (3000мг), суров прополис 2%, кристализиран полифлорен мед 86,8%.

Категорија:

Опис

Матичниот млеч претставува млечно-бела, кремава материја која се излачува од хипофаренгиалните и мандибуларните жлезди на пчелите. Содржи многу витамини од кои најважна е пантотенската киселина (вит Б5- благодарение на него матицата живее 30 пати повеќе и расте три пати на големина за разлика од пчелата работничка.), протеини, минерали, киселини (10-хидрокси-делта 2 деценска), јаглехидрати, ензими, ацетилхолин, биоптерин, ројалактин (супстанца одговорна за преобразување на пчелата работничка во матица), 10-HDA (уникатна масна киселина која ја има само во матичниот млеч). Се верува дека матицата е најплодното суштество на планетата, несејќи и до 3000 јајца на ден и тежината на овие јајца ја надминува нејзината тежина. Матичниот млеч го зајакнува имунолошкиот систем, ја зголемува плодноста, ја олеснува менопаузата и постменструалните симптоми кај жената, го подобрува хормоналниот дисбаланс и ги стимулира жлездите.

Прополисот се додава поради антивирусните својства и го зголемува имунитетот на организмот. Претставува природна смолеста супстанца, која пчелите ја собираат и ја преработуваат користејќи го секретот од своите жлезди. Главни активни компоненти се биофлавоноидите: галангин, пиноцембрин, хризин, кверцетин, нарингенин и апигенин, кои имаат заштитна улога од надворешни инфекциски влијанија. Прополисот има антивирусно, антитуморно, анаболичко, регенеративно и анестетичко дејство.

Поленот претставува природен биоенергетик за регенерација и ревитализација на организмот, има идеална комбинација на витамини (А,Б,Ц,Е,Д), 27 минерали, протеини со сите аминокиселини и ензими. Придонесува за одржување на нормалната функција на имуниот систем, природен антиоксиданс, го намалува заморот, стресот, депресијата, го одржува тонусот и енергијата, го зголемува апетитот. Ја подобрува циркулацијата и го освежува организмот по прележани инфекции. Благодарение на присутниот рутен (антиоксиданс) ги штити крвните садови, позитивно влијае на цревната флора и помага при артериосклероза. Ја подобрува крвната слика и ја зголемува мозочната активност.

Медот потекнува од најубавите предели и вклучува нектар од различни билки, има прекрасен вкус и широк спектар на витамини, минерали, ензими. Дава енергија и ја зголемува физичката и менталната сила на организмот.

Конзумирање: се користи од 1-3 кафени лажички пред оброк. Се задржува неколку секунди во уста додека да се растопи, па потоа се голта. Пред употреба доколку е растопен треба да се промеша.

НАПОМЕНА: Не се препорачува за лица осетливи и алергични на пчелни производи.

Начин на чување: на температура до 25°С, заштитено од светлина, најдобро да се чува во оригиналното пакување.

Пакување: во стаклена тегличка од 240гр. спакувана во картонска кутија.

Рок на траење: 2 години, обележан на  амбалажата.

Дополнителни информации

Тежина 240 g