МЕД ОД ТРМКА ВО ГРНЕ

600 ден

МЕД ВО ГРНЕ од трмка е традиционално добиен мед од пчели на Dr. Petrovsky, собран од недопрените природни предели на Осоговската планина. Пробајте го плодот кои во себе ги има споено реткостите на нашето време труд, традиција, природна убавина. Малку повеќе навраќање кон минатото, многу повеќе за себе.

Категорија:

Опис

Природата создава, вредните раце на човекот пружени кон неа се полни со плодови.

Пробајте го плодот кои во себе ги има споено реткостите на нашето време труд, традиција, природна убавина. Малку повеќе навраќање кон минатото, многу повеќе за себе. МЕД ВО ГРНЕ од трмка е традиционално добиен мед од пчели на Dr. Petrovsky, собран од недопрените природни предели на Осоговската планина.

Пчелите во трмка се лоцирани во близина на Лесновскиот манастир, во прекрасната природа во с.Луково на 1180 м надморска височина, среде лековитите билки на Осоговската планина. Традицијата на одгледување на пчели во Осоговието потекнува од праисторискиот период, за што сведочат гравурите од карпестата уметност од камено доба. Медот од саќето е исцеден со дрвена преса, а грнето е запечатено со природен восок од пчели.

Сето тоа оставено во хармонија на одамна заборавените елементи, раѓа нова симбиоза, нова, одамна заборавена арома, која потсетува, разнежнува, облагородува, обновува…
Почувствувајте ја едноставноста со целосна убавина!

Дополнителни информации

Тежина 600 g