Description
Матичното книговодство во АПИЦЕНТАР претставува основниот столб врз што се потпира целокупната селекција на матиците. Евиденцијата се изведува со помош на компјутерски програми кои ги анализираат податоците. Постојаниот контакт со соработниците и клиентите ни овозможува повратни информации за квалитетот на продадените матици.
За првпат започнавме со селекција од 2003 година по стандарди пропишани од Катедрата за пчеларство на факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, а веќе од 2014 година целата селекциска програма се спроведува по најновите BEEBOOK европски стандардни методи.
Од 2014 година се спроведува селекција на 120 пчелни семејства, кои се распоредени на 2 локации (Пешник и Драчевица) и составени од 4 различни линии А, Б, В и Г на Apis mellifera macedonica. Три пати во текот на годината се вршат мерења во однос на четири параметри: темперамент, медопродуктивност, отпорност на болести и роев нагон. Само оние матици со најголем селекциски индекс влегуваат во понатамошната селекција. Од добиените резултати се одредуваат најдобрите 4 линии од кои се зема генетскиот материјал за производство на нашите матици А, Б, В и Г.
Целото производство на матици се одвива во строго контролирани услови при што се добиваат МСБ (матици слободни од болести), а истите ги поседуваат сите потребни здравствени сертификати од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија.
Производството на матици е со методот на еднократно пресадување на ларви, а во самиот процес се користат стартери, финишери, инкубатор, оплодници и нуклеуси.
Тип 1 Матици – се матици од А, Б, В, Г линии на Apis melifera macedonica, кои се оплодуваат на оплодната станица бр. 1 (изолирана 70 % од други трутови и се спаруваат 70% контролирано), ЛЕГОВЕЦ матиците за време на периодот од раѓање, оплодување и тестирање се сместени во мини оплоднаци. ЛЕГОВЕЦ Матиците, пред да стигнат до купувачот поминуваат низ повеќе тестови за период од 14 дена: квалитет на легло, анатомски карактеристики, тежина, темперамент и други параметри.
На оваа оплодна станица се распоредени 80 трутовски пчелни семејства од А,Б,В и Г линија, кои потекнуваат од прва класа матици, врз кои е вршена селекција по BEEBOOK стандардите, на следните параметри: темперамент, медопродуктивност, отпорност на болести, развој и роев нагон.
Погодни се за понатамошно размножување, производство на мед, матичен млеч и други пчелни производи.
Пакување: во кафез за транспорт со 7-9 млади пчели, обележани со боја (обоена според годината), педигре, здравствен сертификат, упатство за додавање и замена.
Транспорт: кафезите за матици се транспортираат во специјална кутија со вентилација.