ТИП 3 МАТИЦА – ЛУКОВО

1.000 ден

Тип 3 Матици – се матици, од А и Б линии на Apis melifera macedonica, кои се оплодуваат на оплодната станица бр. 3 (изолирана 90% од други трутови и се спаруваат 90% контролирано).

Категорија:

Description

Матичното книговодство во АПИЦЕНТАР претставува основниот столб врз што се потпира целокупната селекција на матиците. Евиденцијата се изведува со помош на компјутерски програми кои ги анализираат податоците. Постојаниот контакт со соработниците и клиентите ни овозможува повратни информации за квалитетот на продадените матици.

За првпат започнавме со селекција од 2003 година по стандарди пропишани од Катедрата за пчеларство на факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, а веќе од 2014 година целата селекциска програма се спроведува по најновите BEEBOOK европски стандардни методи.

Од 2014 година се спроведува селекција на 120 пчелни семејства, кои се распоредени на 2 локации (Пешник и Драчевица) и составени од 4 различни линии А, Б, В и Г на Apis mellifera macedonica. Три пати во текот на годината се вршат мерења во однос на четири параметри: темперамент, медопродуктивност, отпорност на болести и роев нагон. Само оние матици со најголем селекциски индекс влегуваат во понатамошната селекција. Од добиените резултати се одредуваат најдобрите 4 линии од кои се зема генетскиот материјал за производство на нашите матици А, Б, В и Г.

Целото производство на матици се одвива во строго контролирани услови при што се добиваат МСБ (матици слободни од болести), а истите ги поседуваат сите потребни здравствени сертификати од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија.

Производството на матици е со методот на еднократно пресадување на ларви, а во самиот процес се користат стартери, финишери, инкубатор, оплодници и нуклеуси.

Тип 3 Матици – се матици, од А и Б линии на Apis melifera macedonica, кои се оплодуваат на оплодната станица бр. 3 (изолирана 90% од други трутови и се спаруваат 90% контролирано). ЛУКОВО матиците се сместени во нуклеуси на 3 и 5 рамки за целиот период и се тестираат на неколку параметри од 14 – 30 дена, после пронесувањето.

На оваа оплодна станица се распоредени 100 трутовски пчелни семејства од Г линија, кои потекнуваат од прва класа матици, врз кои е вршена селекција по BEEBOOK стандардите, на следните параметри: темперамент, медопродуктивност, отпорност на болести, развој и роев нагон.

Овие матици се со следните исклучителни особини:

  • висока медопродуктивност
  • брз развој
  • мирен темперамент
  • ниска склоност кон роење
  • добро  презимување
  • високо хигиенско однесување
  • добра адаптација
  • компатибилност
  • добри анатомски карактеристики

Матиците од линија А и Б спарени со трутови од линија Г, добиваат висок квалитет, отпорност и ги поседуваат 90% погоре наведените особини.

Пред да стигнат до купувачот, поминуваат низ повеќе тестови за период од 14 – 30 дена: квалитет на легло, квалитет на спарување, анатомски карактеристики, тежина, темперамент и други параметри.

Погодни се за понатамошно размножување, производство на мед, матичен млеч и други пчелни производи.

Пакување: во кафез за транспорт со 7-9 млади пчели, обележани со плочка (обоена според годината и соодветен број), педигре, здравствен сертификат, упатство за додавање и замена.

Транспорт: кафезите за матици се транспортираат во специјална кутија со вентилација.