Опис
Идеален начин да започнете со пчеларење е да купите нуклеус, со нашите, мирни, здрави и високопродуктивни пчели. Нуклеусот ќе го добиете со легло во сите фази (затворено легло, јајца, ларви). Сите наши нулеуси се третирани против вароа и испитани за степенот на заразеност со Nosema apis, Nosema cerana и е извршен клинички преглед за Американска чума на пчелното легло. Рамките во самиот нуклеус се од типот Лангструт.
Нуклеусот е составен од 5 рамки (3 рамки легло, 2 рамки мед и полен), 1 кг пчела и селектирана, оплодена, тестирана млада матица, од расата APIS MELLIFERA MACEDONICA, обележани со плочка (обоена спрема годината) и содветен број, со педигре, здравствено уверение, потврда за здравствена состојба, упаство за ослободување, спакуван во кутија со соодветна вентилација за транспорт.
ЛУКОВО Нуклеусите се составени од Тип 3 Матици – кои се матици, од А и Б линии на Apis melifera macedonica, кои се оплодуваат на оплодната станица бр. 3 (изолирана 90% од други трутови и се спаруваат 90% контролирано).
На оваа оплодна станица се распоредени 100 трутовски пчелни семејства од Г линија, кои потекнуваат од прва класа матици, врз кои е вршена селекција по BEEBOOK стандардите, на следните параметри: темперамент, медопродуктивност, отпорност на болести, развој и роев нагон.
Овие матици се со следните исклучителни особини:
- висока медопродуктивност
- брз развој
- мирен темперамент
- ниска склоност кон роење
- добро презимување
- високо хигиенско однесување
- добра адаптација
- компатибилност
- добри анатомски карактеристики
Матиците од линија А и Б спарени со трутови од линија Г, добиваат висок квалитет, отпорност и ги поседуваат 90% погоре наведените особини.
Погодни се за понатамошно размножување, производство на мед, матичен млеч и други пчелни производи.
Самата кутија во која се траспортира нуклеусот е со два отвори за вентилација. Најдобро е нуклеусите да ги подигнете после 17 часот, за транспортот да биде кога температурите се пониски, а инсталацијата/префрлувањето во ваши сандаци се извршува во раните утрински часови (следниот ден).
Секој наш клиент кој ќе добие нуклеус, добива и упатство како нуклеусот да стане силно семејство подготвено за следната година, за производство на мед и други пчелни производи.