Description
Идеален начин да започнете со пчеларење е да купите нуклеус, со нашите, мирни, здрави и високопродуктивни пчели. Нуклеусот ќе го добиете со легло во сите фази (затворено легло, јајца, ларви). Сите наши нулеуси се третирани против вароа и испитани за степенот на заразеност со Nosema apis, Nosema cerana и е извршен клинички преглед за Американска чума на пчелното легло. Рамките во самиот нуклеус се од типот Лангструт.
Нуклеусот е составен од 5 рамки (3 рамки легло, 2 рамки мед и полен), 1 кг пчела и селектирана, оплодена, тестирана млада матица, од расата APIS MELLIFERA MACEDONICA, обележани со плочка (обоена спрема годината) и содветен број, со педигре, здравствено уверение, потврда за здравствена состојба, упаство за ослободување, спакуван во кутија со соодветна вентилација за транспорт.
ЛЕГОВЕЦ Нуклеусите се составени од Тип 1 Матици – од А, Б, В, Г линии на Apis melifera macedonica, кои се оплодуваат на оплодната станица бр. 1 (изолирана 70 % од други трутови и се спаруваат 70% контролирано).
На оваа оплодна станица се распоредени 80 трутовски пчелни семејства од А,Б,В и Г линија, кои потекнуваат од прва класа матици, врз кои е вршена селекција по BEEBOOK стандардите, на следните параметри: темперамент, медопродуктивност, отпорност на болести, развој и роев нагон.
Погодни се за понатамошно размножување, производство на мед, матичен млеч и други пчелни производи.
Самата кутија во која се траспортира нуклеусот е со два отвори за вентилација. Најдобро е нуклеусите да ги подигнете после 17 часот, за транспортот да биде кога температурите се пониски, а инсталацијата/префрлувањето во ваши сандаци се извршува во раните утрински часови (следниот ден).
Секој наш клиент кој ќе добие нуклеус, добива и упатство како нуклеусот да стане силно семејство подготвено за следната година, за производство на мед и други пчелни производи.